Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје викендов ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Од МВР соопштија дека сообраќајот по улицата „Димитрие Чуповски“ во насока на движење од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува лево и десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, а сообраќајот по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува право по улицата „Свети Кирил и Методиј“ и лево по улицата „Костурски херои“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.