Посебен сообраќаен режим вечер во Скопје поради снимање филм


Фото: Б. Грданоски

Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.