Португалската полиција врши претрес во канцеларијата на премиерот Коста поради корупција

Истрагата на обвинителството и полицијата е поради сомневањата за корупција во бизнисот со литиум и водород


Премиерот Анонио Коста

 

Португалската полиција врши претрес во официјалната резиденција на премиерот Антонио Коста поради поради сомневањата за корупција во бизнисот со литиум и водород. Полицијата пребарува и во министерствата за животна средина и инфраструктура.

Претресите на полицијата се поради поради проектите за истражување на литиум во Монталегре на северот од Португалија, како дел од истрагата што исто така истражува сомнителни криминални дела во бизнисот со зелен водород. Весникот „Публико“ дозна дека шефот на кабинетот на Антонио Коста, Витор Ескарија, блискиот консултант на Коста, Диого Ласерда Мачадо и градоначалникот на градот Синес, социјалистот Нуно Маскарењас, веќе се уапсени, како и двајца директори на компанијата.

Се дознава дека ќе бидат обвинети и двајцата министри Дуарте Кордеиро и Жоао Галамба, како и со поранешниот министер за животна средина Жоао Педро Матос Фернандес.

Канцеларијата за комуникации на премиерот ги потврди претресите во канцеларијата на Витор Ескарија, додавајќи дека владата нема коментари за судската постапка.

Операцијата се должи на истрагата за бизнисот со литиум во Монталегре, а беше подготвена од обвинителството и полицијата во апсолутна тајност поради страв од протекување информации во кои беа вклучени членови на Владата. Во јануари 2021 година, премиерот Антонио Коста беше фатен во три разговори  со тогашниот министер за животна средина, Жоао Педро Матос Фернандес, кој беше под прислушување како дел од кривична истрага поврзана со мега-проект во областа на зелениот водород во Синес, а чија инвестиција се очекуваше да надмине 1,5 милијарди евра.

Фактот дека премиерот бил фатен во телефонски прислушувања барала, од правни причини, интервенција на претседателот на Врховниот суд, кој одлучил да потврди едно од прислушуваните и да бидат уништени уште две ленти. Но, Јавното министерство не се согласи со одлуката на претседателот на Врховниот суд и поднесе жалба на неговите наредби.