Португалија ги пушти затворениците со казна до две години

Португалскиот парламент донесе одлука, до крајот на вонредната состојба на 17 април, да го стопира исклучувањето на домаќинствата од електричната мрежа, водовод или гасовод поради неплатени сметки, бидејќи тоа би предизвикало економска и социјална штета на посиромашните граѓани.

Според податоците на владата, по 4.000 луѓе дневно аплицираат во бирото за невработени, а бројот на невработени во земјата се зголеми за 28.000 во првата недела од април.

Вчера, здружението на португалските хотелиери соопшти дека околу 85 проценти од вработените во хотелите се привремено отпуштени, и дека хотелската индустрија во земјата може да изгуби околу 1,4 милијарди евра во периодот од март-јуни, или 80 до 90 проценти од вкупните приходи.

Португалскиот Парламент, исто така, одлучи да ги пушти на слобода затворениците во лоша здравствена состојба на кои им е изречена казна затвор до две години или кои имаат помалку од две години издржување на казната, бидејќи ширењето на вирусот во затворите би било незапирливо.

Во третата недела од воведувањето вонредна состојба во Португалија, потврдени се вкупно 13 141 случаи на Ковид-19, од кои 380 лица починаа.