Португалија без Пепе на средбите со Србија и Литванија


Португалската фудбалска федерација објави на својата официјална веб-страница дека дефанзивецот на Порто, Пепе, ќе ги пропушти претстојните квалификации за ЕУРО 2020 со Србија (7 септември) и Литванија 10 септември).

На играчот му е дијагностицирана повреда на коленото.

Во составот на репрезентацијата на Португалија, местото на 36-годишниот Пепе ќе го заземе 22-годишниот Феро од Бенфика.

За Феро, оваа покана за главниот тим е прва во неговата кариера.