Пораст на температурите, следните денови и до 37 степени


Фото: Б. Грданоски

Значителен пораст на температурата на воздухот најавуваат метеоролозите во следната недела.

Времето, според најавата од УХМР, во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура утре ќе се движи од 22 до 33, вторник од 28 до 34, среда од 30 до 37, четврток од 29 до 36,  петок од 28 до 35 и сабота од 29 до 35 степени.