Порасна бројот на новозаразени во Босна и Херцеговина

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 364 новозаразени лица, а починале пет пациенти.
Од нив во Федерацијата се 222 позитивни и сите пет починати. Тестирани биле 1.423 примероци.
Досега излечени се 15.661 пациенти, а во последните 24 часа 266 пациенти.
Активни се 2.679 случаи, а вкупно досега починаа 569.
Во Република Српска тестирани се 672 примероци, а корона вирусот е потврден кај 142 лица.
Досега во РС потврдени се 9.848 случаи, а вкупно починаа 318 пациенти.
Оздравеа 6.670 лица, а тестирани се вкупно 83.083 лица.
Во Брчко регистриран е еден нов случај, од 59 тестирани.