Поранешниот телохранител на Мијалков сам се пријавил на распит за пукањето во Кочани

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, кој пукаше во друго лице во локал во Кочни, сам се пријавил на распит во кочанското обвинителство – дознава 1ТВ.
Драганчо Стоименов викан Дацо Белски три месеци беше во бегство откако во јануари годинава, по вербална расправија, пукаше и го повреди Драган Здравев во кафе барот „Аква“ во Кочани. Веднаш по инцидентот, Стоименов избега.
Од обвинителството потврдуваат дека Стоименов сам се пријавил и дека е завршен распитот пред судија, по што му е определена мерка притвор.