Поранешниот премиер на Италија, Матео Ренци, обвинет за илегално финансирање


 

Поранешниот премиер на Италија, Матео Ренци и двајца поранешни министри во неговата влада, Марија Елена Боски и Лука Лоти, обвинети се за „илегално финансирање партија“.

Како што јави агенцијата Анса, според обвинението Матео Ренци и другите обвинети во периодот од 2012 дп 201 година примиле повеќе од 7 милиони евра преку фондацијата „Опен“, а прилозите биле спротивни на Законот за финансирање политички партии.

Матео Ренци и сегашен лидер на парламентарната партија Италија вива, беше член на Демократската партија кога беше избран за најлмад италијански премиер во 2014 година, а на функцијата се задржа до 2016 година.

Откако беше изгласана недоверба на неговата влада, Ренци ја основа партијата Италија вива, која е дел од владејачката коалиција на партии од левиот центар.