Поранешниот командант на сепаратистите вели дека рускиот министер за одбрана „криминално небрежен“

Игор Гиркин стана отворен критичар на начинот како Русија ја води војната во Украина и бара засилување на кампањата со повеќе војници


 

Поранешен командант на проруските сили во источна Украина го обвини во петокот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за „криминална небрежност“ поради лошата воената кампања на Москва во Украина.

„Директно го обвинувам Сергеј Шојгу за, минимум, криминална небрежност“, рече Игор Гиркин во видео интервју објавено на неговиот канал на Телеграм. „Немам основа да го обвинам за предавство, но би се сомневал во тоа“.

Кремљ не одговори веднаш на барањето да го коментира испадот на Гиркин – еден од најсилните јавни напади досега врз руското воено раководство од истакнат јастреб кој се залага за поинтензивна кампања во Украина.

И покрај повторените руски неуспеси и големите загуби во луѓе и опрема во текот на 79-дневната инвазија, Путин не покажа знаци на дистанцирање од Шојгу. Министерот одигра многу видлива улога во комеморациите на Црвениот плоштад во понеделникот по повод одбележувањето на 77-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Гиркин, кој исто така го носи псевдонимот „Стрелков“ е обвинет за убиство од холандското обвинителство поради неговата наводна улога во соборувањето на летот MХ17 на „Малезија ерлајнс“ над Украина во 2014 година.

Тој стана отворен критичар на тоа како Русија ја води својата војна во Украина во последните неколку недели, велејќи дека без нова стратегија и повеќе војска, Русија може да загуби.

Украина вели дека ги одбила руските сили од источниот град Харков оваа недела и дека организира контраофанзива што може да сигнализира промена во моментумот на војната.

Откако не успеаја да го заземат главниот град Киев во првата фаза од, како што Русија ја нарекува својата „специјална воена операција“, руските сили повторно се фокусираа на источниот регион Донбас и јужниот град Мариупол.

Поранешниот платеник од Кремљ, Марат Габидулин, изјави за Ројтерс оваа недела дека руските трупи се лошо подготвени за војната во Украина. (Ројтерс)