Поранешниот градоначалник на Њујорк обвинет за наводен сексуален напад


Поранешна соработничка на Руди Џулијани го тужеше за сексуално вознемирување и други недела, обвинувајќи го поранешниот градоначалник на Њујорк и поранешен личен адвокат на Доналд Трамп дека „ја вработил за да ја исполни неговата желба за секс“.

Ноел Данфи, во граѓанска тужба поднесена во судот во Менхетен, Њујорк, тврди дека Џулијани почнал да ја злоставува речиси веднаш штом ја вработил во јануари 2021 година како директор за развој на бизнисот и јасно ѝ ставил до знаење дека задоволувањето на неговите сексуални потреби е „апсолутно неопходно“ за нејзината работа.

Данфи, исто така, тврди дека Џулијани имал „изливи на бес поттикнати од алкохол за време на кои правел сексистички, расистички и антисемитски испади“ кои ја направиле работната средина неподнослива и дека ја отпуштил во јануари 2021 година без исплаќање на заработката, за која таа се согласила да биде одложена, јавува „Гласот на Америка“.