Поранешната прва дама на Хондурас осудена на 58 години затвор


Поранешната прва дама на Хондурас, Роса Елена Бонила е осудена на 58 години затвор поради тоа што присвоила околу 600.999 долари државни средства во периодот од 2010 до 2014 година, за време на мандатот на неговиот сопруг Порфирио Лобо.

Пресудата за Бонила е за присвојување и измами и доби максимална казна.

Делото против Бонила беше покренато на барање на Антикорпцуска мисија на Организацијата на американски држави. Според истрагата на невладиниот Национален антикорупциски совет на обвинители дека Бонила префрлила 600.000 долари од државните фондови на нејзина лична сметка пет дена пред истекот на четиригодишниот претседателски мандат на Лобо во јануари 2014 години.

Врховниот суд на Хондурас вчера одлучи Бонила да врати 10 проценти од присвоените средства.