Поранешен полицаец во САД намамил тинејџерка на интернет, па ѝ го убил семејството


 

Полицијата го уби поранешниот полицаец од Вирџинија за кој властите сметаат дека убил семејство на тинејџерка во Риверсдејл во Калифорнија, откако ја намамил на интернет.

Остин Ли ОЕдвардс (28) ја запознал тинејџерката по пат на „catfishing”, облик на онлајн измама при што некој се претвара дека е дгур. Полицајците од Риверсдејл примиле дојава во петокот за млада девојка која изгледала вознемирено додека влегувала во црвен автомобил со маж. Набрзо потоа надлежните добиле дојава за пожар во истата област.

Ги убил дедото, бабата и мајката на девојчето

Пожарникарите пронашле три возрасни лица како лежат во ходник на куќа проголтана од пожар. Кога ги извлекле надвор, утврдено е дека се жртви на убиство. Прелиминарните истраги утврдиле дека младата девојка за која е примена дојавата, всушност е тинејџерка која живеела во куќата која ја зафатил пожар и во која се убиени трите лица.

Полицијата наведе дека Едвардс се запонзал со девојчето на интернет и ги дознал нејзините лични податоци. Потоа отпатувал од Вирџинија во Риверсдејл, каде го паркирал своето возило на приодот од соседот и пшки отишол до куќата кај тинејџерката Властите сметаат дека во некој момент поранешниот полицаец го убил дедото, бабата и мајката на девојчето, пред да се врати до своето возило.

Неколку часа откако се најдени телата, полицијата го видела неговиот автомобил во округот Сан Бернардино. Полицајците се обиделе да го сопрат, но дошло до пукање, при што Едвардс е убиен. Поранешниот полицаец е прогласен за мртов на место, пишува Си-ен-ен.

„Шокантно е дека толку зла и опака лучност може да се инфилтрира во силите на редот“

Тинејџерката која, исто така, се наоѓала во возилото, не е повредена и е ставена под надзор на социјалните служби. Едвардс дал оставка во полицјиата во Вирџинија во октомври.

„Шокантно и тажно е за целата наша заедница на полицајци толку зла и опака личност да може да инфилтрира во службите кои спроведуваат ред и мир, додека истовремено го крие својот вистински идентитет на компјутерски предатор и убиец. Нашите мисли и молитви се со семејството Винек, нивните пријатели и сите оние кои се погодени од овој гнасен злочин“, рече шерифот на округот Вашингтон, Блејк Андис.

Жртвите се идентификувани како Марк Винек (69), неговата сопруга Шери Винек (65) и ќерката Брук Винек (38). Уште не е официјално објавена причината за нивната смрт, иако прелиминарните информации покажуваат дека таа настанала со намера.