Поранешен норвешки министер осуден за сексуално злоставување на азиланти


Поранешен норвешки министер е осуден на пет години затвор поради сексуално злоставување на тројца баратели на азил, потврди Обвинителството.

Свеин Лудвигсен (72), поранешен министер за рибарство е осуден поради злоупотреба на положбата покраински гувернер и искористување на неповолната положба на тројца млади мажи, од кои едниот со психички проблеми.

Мажите кои сега се на возраст од 25 до 34 години биле злоставувани во периодот од 2011 до 2017 година. Тие пред судот изјавија дека Лудвигсен, кој сега е во пензија, им нудел сместување и работа во замена за сексуални услуги.

Лудвигсен негира дека направил нешто незаконско и најави жалба на судската пресуда.