Поранешен командир на ПС Карпош, бара 20 илјади евра зошто бил незаконски прислушуван

 Следното рочиште за судскиот предмет „Тврдина-Таргет“, е закажено на 9 декември. Меѓу денешните сведоци во овој предмет беше и поранешниот командир на ПС Карпош, Бојан Величковски, кој рече дека се сомневал дека бил незаконски прислушуван и од тие причини поднел барање до СЈО, за да се утврди дали бил незаконски следен.

– Точните причини зошто сум бил следен не ги знам, но може да претставувам дека локалната самоуправа во Карпош, во тоа време беше единствена власт од опозицијата. Со нив јас сум имал службен контакт, согласно работните задачи. Јас исто така бев дел од обезбедувањето на рушењето на „КОСМОС“ на тоа се сомневам, не дека специфично знам за што сум бил прислушуван, рече сведокот Величковски.

Тој воедно посочи дека со полицијата е поврзан скоро четврт век.

– Ни денар се сум зел од службата, или нешто друго. Во овој случај сум длабоко навреден. Побарувам оштетно побарување, барам 20 илјади евра во денарска противредност, потенцираше Величковски.

Судењето за овој случај го води кривичниот совет предводен од судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението го застапуваат обвинителите Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.