Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција


Судот во кинеската провинција Џилин денеска го осуди на смрт поранешниот кинески министер за земјоделство Танг Тенџијан, поради корупција.

Смртната казна ќе биде извршена по две години, бидејќи Танг признал вина.

Танг од 2007 до 2024 година бил на повеќе функции, а според судот, за тој период незаконски се стекнал со 268 милиони јуани (37,6 милиони долари).

Тој пред да биде именуван за министер за земјоделство од 2017 до 2020 година беше гувернер на западната провинција Гансу.

Претседателот на Кина, Си Џинпинг во 2020 година почна кампања против корупцијата.