Порака од Вашингтон: Преговори со Македонија и Албанија без одлагање


Како што се доближува времето за носење одлука во ЕУ околу отворањето преговори со Македонија и Албанија така расте и притисокот на САД за давање зелено светло и отстранување на сите блокади во Унијата.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, пред денешниот самит на Г7  и самитите на НАТО и ЕУ на кои ќе учествува и претседателот Џо Бајден, објави дека САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување. Прајс вели дека највисоки нивоа во владата биле ангажирани за да се донесат вакви одлуки.

„Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша Прајс на Твитер.