Порака од Олаф Шолц: Ќе бидеме со вас цело време


 

Германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево на Твитер го поздрави гласањето на Собранието за заклучоците за францускиот предлог.

„Го поздравувам гласањето на македонскиот парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската унија и ќе бидеме покрај вас до крај“, напиша Шолц.

Претходно одлуката на Собранието ја поздравија и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.