Поради сообраќајната бучава, птиците не пеат исто како порано


 

Веќе со десетлетија знаеме во колкава мерка издувните гасови од дизелот штетно влијаат на околината и човековото здравје, но однеодамна стручњаците за заштита на околината предупредуваат на нов пробмел – негативното влијание на сообрачајната бучава на птиците.

На оваа бучава особено се осетливи младите на птиците пејачки, токму како човечките новороденчиња, велат орнитолозите предупредувајќи на тоа дека бучавата од автопатите и патиштата пренатрупани со автомобили и камиони негативно влијае на учењето на птичјата песна.

Бучавата влијае на младите птици

Ново истражување на научниците од германскиот Институт за орнитологија „Макс Планк“ покажа дека непрекинатата бучава влијае на тоа младите птици пејачки да научат да пејат и дека нивната песна е нарушена, а истовремено ослабува и имуниот систем.

„Нашите откритија покажуваат сека младите птици пејачки, токму како новороденчињата на луѓето, се посебно осетливи на последиците од бучавата затоа што им пречи во учењето на пеењето во клучната развојна фаза“, вели Хенрик Брум, водител на меѓународниот истражувачки проект.

Брум и колегите веруваат дека и сообраќајната бучава долгорочно може да го измени птичјото пеење, затоа што грешките во младоста кои ги прават птиците во развој учејќи да пејат, притоа имитирајќи ги родителите и останатите постари птици во бучно окружување веројатно ќе се зголемат.

За потребите на истражувањето, чии резултати се објавени во мај, истражувачкиот тим редовно на машките младенчиња на зебрестите зебу им пуштеле снимки од песна на возрасни мажјаци, а младенчињата истовремено биле изложени на снимка од бучава од сообраќајница.

Хроничен стрес

Научниците откриле дека младенчињата од гнездата изложени на бучава имале послаб имунитет и заклучиле дека токму бучавата е извор на хроничен стрес кај младите птици.

Покрај тоа, забележале дека тие младенчиња пропејувале подоцна од оние кои не биле изложени на бучава и дека точноста со која ги имитираат возрасните птици била значително полоша во однос на оние во чиј развој не постоела бучава.

Орнитолозите од „Макс Планк“ веќе некое време го следат развојот на зебрастите зеби. Кон крајот на 2019 година објавија резултати од истражување кои покажуваат дека младенчињата кои се развивале со бучава од патиштата се и физички помали од оние кои израснале во помирни места.

Подоцна, со растот успевале да ги стигнат другите, но научниците сепак не ги исклучуваат долгорочните негативни последици.

Останатите студии покажуваат дека птиците окружени со сообраќајна бучава пејат се погласно и во друго време од досега вообичаеното за да ја пригуѓат бучавата од сообраќајниците.

Сообраќајната бучава како логична последица на развиеноста на патната мрежа и железничката мрежа не е на врвот на најважни онечистувачи меѓу еколозите во 20 и 21 век.

Дури во последните дваесетина години се забележува зголемен интерес и пишување трудови на оваа тема. Со нив емпириски се докажува негативното влијание на бучавата врз здравјето и квалитетот на живот на модерниот човек, но и на животните.