Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на скопската обиколница


Поради сообраќајна несреќа изутринава во прекин е сообраќајот на скопската обиколница кај клучката Радишани, во правец од Волково кон Смилковци.

Од АМСМ информираат дека до нормализацијата на сообраќајот возилата се пренасочуваат кај клучката Качанички пат кон Скопје.