Поради смртта на дедо му го освоил Килиманџаро одејќи наназад


Човек, кој работи како личен тренер, стана првиот човек во светот кој се искачи на највисокиот врв во Африка и се симна од него наназад. Бен Стјуарт (32) од Нортхемптон се искачи и се спушти од планината Килиманџаро во Танзанија за да собере пари за британската фондацијата Срце , добротворна организација која финансира истражување за кардиоваскуларни болести.

Стјуарт претходно се искачи на највисокиот врв во Британија, исто така одејќи наназад.

Дедото на Стјуарт починал од срцев удар во 2010 година на 65-годишна возраст, што му дава дополнителна мотивација за потфатот.

– Парите што ги собра Бен ќе помогнат да се финансираат истражувања за спасување животи, кои ќе не доближат до откритија кои би можеле да ги спасат и подобрат животите на милиони луѓе – изјави Џон Фостер, претставник на фондацијата.

Стјуарт рече дека тоа е „најтешката работа што некогаш ја направил во неговиот живот“. Две лица, еден од Јужна Африка и еден од Непал, одеа наназад 5.895 метри до врвот на африканската планина, но не се вратија на ист начин.

Стјуарт имал тим кој го водел и рекол дека не се плаши од паѓање. Како подготовка за потфатот, тој користел специјален уред за да му помогне да го зајакне вратот за да може да издржи долги периоди на гледање преку рамото