Поради штрајк откажани повеќе од 350 летови за понеделник во Германија
Четири германски аеродроми во понеделник ќе имаат побавен сообраќај поради откажувањето на повеќе од 350 летови и планираниот 24-часовен штрајк на безбедносните службеници, соопшти синдикатот Верди.
„Очекуваме подолго чекање на аеродромите и откажување на летови“, велат од синдикатот кој го поддржува штрајкот на вработените кои бараат повисоки плати и подобри услови за работа.
Ќе бидат откажани летовите од аеродромите во Берлин, Бремен, Хамбург и Хановер, што ќе влијае на околу 100.000 патници.
Синдикатите на Верди преговараат со Здружението на компании за воздухопловна безбедност за зголемување на платите за ноќна и викенд работа.