Поради руските напади Мариупол остана без електрична енергија


Клучниот југоисточен украински град Мариупол на Азовското Море остана без електрична енергија по нападите на руските сили кои напредуваат, изјави денеска шефот на регионот Павло Кириленко.

– Мариупол и Волноваха се наши! Двата града се под притисок на непријателот, но тие се држат. Во Мариупол, електричните линии се прекинати и градот е без струја. Двата града се под притисок на непријателот, но тие се држат. Во Мариупол, електричните линии се прекинати и градот е без струја, објави Кириленко на Фејсбук.

Двата града се наоѓаат помеѓу територијата што ја држат сепаратистите поддржани од Русија и полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година. Мариупол е важен пристанишен град, со  население од околу 500.000 луѓе, додека во Волноваха живеат приближно 20.000 луѓе.

Мариупол во 2014 година кратко време беше окупиран од промосковски сепаратисти.