Поради поскапувањето Австријците пијат помалку кафе


 

Австрија е позната како нација која пие кафе, а моменталниот бран поскапувања наведе многумина значително да го намалат пиењето кафе.

Истражувањата на Институтот „Интеграл“, по повод 1 октомври – Денот на кафето, покажува дека во Австрија 90 отсто од населението пие кафе.

Но, поради актуелното поскапување на производите, односно дури 18 отсто од финансиски причини се откажале од конзумирањето на овој популарен напиток.

И покрај тоа, сепак дури 42 отсто се подготвени да платат повеќе за добро кафе.

Австријците во просек пијат по 12 филџани кафе неделно, односно околу две кафиња дневно.