Поради посетата на Папата скопскиот аеродром ќе биде затворен неколку часа


Со оглед на посетата на Папата Францис на Република Северна Македонија, на 7-ми мај 2019 година и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот од Аеродром Скопје попладнево ги информираа патниците дека аеродромот ќе биде затворен наутра и попладне.

Патниците кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје на 7-ми мај, дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, додека оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај.
Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од Градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратната насока, со официјалниот превозник Манора, на 7-ми мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која што на 7-ми мај ќе тргне половина час подоцна, се вели во соопштението од скопскиот аеродром.