Поради пандемијата се повеќе деца се неухранети


Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека уште 10.000 деца месечно може да починат од неухранетост оваа година како резултат на влијанието на пандемијата на Ковид-19.

Говорејќи на Конференцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО), Тедрос рече дека оваа година очекува пораст од 14 проценти на децата кои страдаат од неухранетост како резултат на пандемијата.

Тоа е околу 6,7 милиони неухранети деца, претежно во субсахарска Африка и Јужна Азија.

„Пандемијата предизвика сериозни нарушувања на основните услуги, имунизацијата, мајчинските услуги, исхраната на децата, планирање на семејството и многу повеќе “, рече Тедрос.

Тој истакна дека „не можеме да прифатиме свет во кој богатите имаат пристап до здрава исхрана, додека сиромашните се запоставени“.