Поради оваа драматична снимка има бројни теории зошто Дејан возел во спротивна насока на автопатот


Дејан Ј.(51) од Дебељача загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Милош Велики, на обиколницата кај Белград.

Во несреќата се повредени уште две лица, а до несреќата дошло кога се судриле два автомобили, додека Дејан возел во спротивна насока по автопатот.

Судирот се случил околу 16.00 часот, а откако се судриле автомобилот Дејан се запалил и немало начин да се спаси, останал заробен во автомобилот.

Она што е особено чудно во сето ова е дека мажот кој загинал бил во „Фиат пунто“ кое се движело во спротивна насока на автопатот.

Како што пишува Нова.рс, се уште не е познато како е можно Дејан Ј. да се движел во спротивна насока. Иако се шпекулираше дека тоа било предизвик, повеќето го отфрлаат и истакнуваат дека се работи за поискусен возач и се поставува прашањето дали можеби на погрешно место се приклучил на автопатот.

Исто така, не е исклучено некаде да не работел и сигналниот систем, поради што настанала ваквата состојба. Меѓутоа, ако тоа веќе се случило, се поставува прашањето зошто возачот не го запрел автомобилот и не ги вклучил сите четири трепкачи.

Но, посебно внимание привлекува видеото од несреќата кое се појави на социјалните мрежи.

„Оној што снима снима од автомобил, но од спротивната насока. Се гледа дека стои на лентата за застанување и почнува да се движи дури кога ќе наиде автомобилот на Дејан. Не ни е јасно како тој возач знаел дека ќе наиде?! Сето ова е многу сомнително.

@tomosriderrider #srbija #milosveliki ♬ original sound – Tomos Rider 2 kanal

„Дејан се снимаше за социјалните мрежи, снимаше клипови, пишуваше статуси и се приклучуваше во живо“, велат неговите познаници за Курир и додаваат дека на видеото се гледа дека на сопатникот на Дејан му е исфрлена раката од прозорецот на автомобилот. И додека на некои им се чини дека патникот мавта и покажува три прста, други се убедени дека тој држи телефон и снима.

„Блиц“ пишува дека сопатникот од автомобилот „Фиат“, Ненад К., бил сослушан по страшната сообраќајна несреќа што се случи во неделата на автопатот Милош Велики, во која едно лице загина, а две се повредени.

Сопатникот во полиција изјавил дека тој и возачот на автомобилот Дејан Ј., биле на свадба во Ивањица и дека го пропуштиле излезот на автопатот и се обиделе што поскоро да се исклучат.

Тој рекол дека пиеле тој ден, но дека не ги користеле телефоните за да снимаат возење во спротивна насока, ниту пак поставиле или планирале да стават снимки додека возат.

Во автомобилот изгореле и двата телефона.

Ненад К. бил на распит во болница, каде бил сместен поради тешките повреди со кои се здобил во несреќата во неделата, пишува „Блиц“.

Во автомобилот со Дејан Ј. бил Н.К.(40), кој бил пренесен на реанимација, додека Д.П.(30), кој бил зад воланот на Хјундаито, во свесна состојба бил пренесен во болница.