Поради ова злосторство застана НБА-лигата: Цела Америка со денови во шок!


Кошаркарите повеќе не сакаат да играат поради ова стрелање.

Тие не можат да играат кошарка додека ваквите злосторства се случуваат во нивната околина.

Синоќа први изреагираа играчите  на Милвоки, и тие решија да не излезат на натпреварот во плеј-офот поради стрелањето на Џејкопб Блејк во полициската интервенција.

Злосторството се случи во Висконсин, на околу 60 километри од Милвоки, а заради тоа Бакс иницираа протест, на кој им се придружија и другите екипи во средата, така што воопшто немаше кошарка.

Според најновите информации, прашање е дали воопшто ќе има НБА кошарка, бидејќи наводно Лејкерс и Клиперси бараат сезоната да биде прекината.

Овој случај ја потресе цела Америка и беше навистина застрашувачки. Полициските службеници направиле неколку чекори по Блејк, кои не сакале да застанат пред нив, а потоа испукале еден куп куршуми кон него додека тој бил во автомобилот.