Поради опасни состојки, во ЕУ запленети 140 илјади литри средства за деинфекција, произведени во Турција

Канцеларијата на ЕУ за борба против измами (ОЛАФ) во земјите-членки на ЕУ заплени речиси 140.000 литри средства за дезинфекција произведени во Турција, опасни по здравјето поради многу високиот процент на метанол.

Употребата на средства за дезинфекција контаминирани со метанол може да предизвика главоболка, заматен вид, гадење и повраќање, губење на координацијата, па и слепило.

Истрагата на ОЛАФ идентификуваше неколку компании во различни земји на ЕУ кои нарачале дезинфекција од истиот турски производител што работи под неколку различни имиња, а кои истражителите на ОЛАФ успеале да ги идентификуваат и да ги поврзат.

– Од почетокот на пандемијата, ОЛАФ активно се бори против употребата на нелегални материјали поврзани со Ковид-19. Станува збор лажни или неквалитетни маски за лице, брзи тестови и средства за дезинфекција. Овие производи треба да ги штитат луѓето, а не да им наштетуваат. ОЛАФ досега разоткри повеќе од 900 компании вклучени во злоупотреби и измами, но списокот продолжува да се зголемува, изјави извршниот директор на ОЛАФ, Вила Итала.