Мис Москва остана без круна


Русија– Убавата Русинка Алесија Семеренко остана без круна откако се обиде да ги измами организаторите на натпреварот за мис на Москва, пренесуваат руските медиуми.

Убавицата прогласена за Мис на Москва во 2018 година, 24-годишната Алесија Семеренко, е во лоши односи со организацијата и тоа поради нејзиниот непрофесионален однос. Токму затоа и се одземени и титулата и круната.

Покрај титулата Алесија има обврски да се појавува на настани, но изгледа дека тоа не ѝ е баш интересно па во повеќе наврати пријавила дека е болна. Но, наместо на боледување, убавицата се одмора на преубави места како Малдивите на пример, и сето тоа јавно го објавила на социјалните мрежи.

Организаторите најавија дека ќе ја тужат поради материјална штета нанесена на круната. Според правилата, круната треба да се чува во сеф, додека Алесија си ја чувала дома и кога ја вратила, ја вратила без дијамантите кои наводно „паднале“.

Алесија ги демантира овие тврдења и вели дека е жртва на лаги, пренесува Мирор.