Поради насилното однесување казнети 4 албански пратеници


 Комисијата за етика на по 10 дена исклучи од работата на албанското Собрание четворица пратеници од опозициската Демократска партија, приврзаници на Сали Бериша.

Казната следува поради хаосот што го предизвикаа на понеделничка пленарна на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година.

Станува збор за пратениците Фламур Нока, Газмент Барди, Блеџон Налбати и Фламур Хоџа, кои и ја блокираа говорницата со столици, физички нападнаа гардисти вклучени во обезбедувањето, пуштаа димни бомби па дури запалија едно од пратеничките места.

Таква мерка, иако беше побарано, не добија  пратеничките Сорина Коти и Албана Вокши од чии чанти беа изведени димните бомби.

Барање за изрекување санкции побараа пратеници од владејачката Социјалистичка партија, кои собраа доволен број потписи.

На оваа одлука експресно реагираше ДП која смета дека „исклучувањето на пратениците е спротивно на барањето на меѓународниот фактор за конструктивен дијалог”.  

– Исклучувањата само не охрабруваат на нашиот вистински пат, порачаа демократите.

Приврзаниците на Бериша ја блокираат работата и на парламентарните комисии, поради што седниците се одржуваат онлајн.