Поради многу неправилности прекинат јавниот превоз во Тетово


Општина Tетово го укина привремено јавниот превоз во градот што го спроведуваше ЈП „Тетова транспорт„ заради, како што се посочува, хаосот во работењето. Според соопштението од општината не се плаќале придонеси на вработените, фирмата воопшто не била регистрирана, а нејзините вработени се наведени како вработени во општината. Поради овие и други многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз.

„Ова одлукае донесена за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот со  неконтролираните трошоци на ова претпријатие. Ваквата состојба ќе трае се додека не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во ова претпријатие од претходните раководни структури. Нов вршител на должност во ЈП „Тетова транспорт“ ќе биде Рафиз Мејдија“, стои во соопштението на Општина Тетово.

Јавниот превоз во тетово беше воведен пред само 4 месеци.