Поради мерките за корона вирусот во САД се пука, загинале најмалку четворица


Во САД до сега се забележани најмалку девет одвоени инциденти со огнено оружје, за кои виновна е короната.
До инцидентите дошло по расправи за мерките воведени во текот на пандемијата од корона вирус, како што се задолжително носење маски или социјално дистанцирање.
Како што пренесе „Гардијан“ во тие инциденти најмалку четворица се убиени, а седуммина се ранети.
До пукање доаѓало поради кавга за почитување на правилата за носење маски во јавниот превоз или во деловни објекти, па така, кога не еден човек му било речено дека не може да влезе во автобус затоа што нема маска, тој пукал во друг патник. 
Во еден ресторан пак, во Колорадо маж наводно пукал во вработен кој му приговорил дека не носи маска.