Поради Ковид откажана словенечката претстава „Мојот маж“ на 46. МОТ


Претставата „Мојот маж“ на Словенско народно гледалишче од Љубљана во рамки на МОТ кој почнува утре и трае во два дела до 26 ноември и од 2 до 7 декември (на шест сцени, Младински културен центар (сала 25 Мај и сала Фросина), Драмски театар, Театар Комедија, МНТ и Дом на АРМ) е откажана поради позитивни членови на ковид од ансамблот.
На ова издание сега наместо три изведби на расказите на Румена Бужаровска „Мојот маж“, кој одамна ги надмина границите на нашата земја, ќе гледаме две претстави во изведба на  Југословенско драмско позориште, Белград (СРБ) и на Драмскиот театар во Скопје.

Јована Томиќ и Нела Витошевиќ за прв пат ќе имаат можност да се сретнат на панел-дискусија во рамки на МОТ.