Поради корона вирусот Словенија го забрани слетувањето на авиони од ризичните подрачја


Илустрација

Поради корона вирусот Словенија ги забранива слетувањата на авиони кои доаѓаат од ризичните подрачја, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова го соопшти министерката за инфраструктура Алека Братушек, која појасни дека ова е само една од мерките за да се спречи ширањето на вирусот.

Оваа забрана ќе важи само за патничките авиони, додека оние кои се карго, носат пошта или аеродромите во Словенија има се бази, за нив нема да важи забраната.

Инаку, претставници на концесионерот на аеродромот Брник крај Љубљана, соопштија дека почнуваат да ги спроведуваат наредбите на Советот за национална безбедност и со термални камери ќе се проверуваат сите патници.