Поради градежни активности мостот „Обединети нации“ делумно затворен за пешаци


ЈП „Улици и патишта“ – Скопје известува дека денеска на мостот „Обединети Нации“ на тротоарот се изведуваат градежни активности за санација на мостот и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради изведба на активностите во насока од Влае кон Карпош ќе биде затворена насоката за движење за пешаците до завршување на градежните активности.

ЈП „Улици и патишта“ Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.