Поради дефект на водоводна цевка, без вода населбата 11 Октомври

Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф 200мм на ул.„Борис Трајковски“ бб , кај маркет ТИНЕКС, денеска без вода се корисниците од населбата „11 Октомври“.
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето е од 13:55 до завршување со работните активности.