Поради дефект без вода делови од Карпош


Поради уличен дефект ф-150 мм на ул. „Волгоградска“ 10, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Соле Стојчев“, „Невеска“, „Трифун Бузев“, дел од „Волгоградска“ и дел од „Разловечко Востание“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:40 часот до завршување со санација на дефектот.