Поради дефект без вода делови од Центар
Поради уличен дефект од ф 80мм на булевар „Свети Климент Охридски“ бб позади Влада, без вода се корисниците на потегот од Градски Парк – Школка до Влада и од булевар Илинден до Градски Стадион.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето е прекинато од 12:10 часот до завршување на интервенцијата.