Пополава во Австрија: Русбах отсечен од светот


Обилни врнежи предизвикаа поплави во повеќе делови на Австрија, а најтешка е ситуацијата во местото Русбах, кое е отсечено од остатокот на светот.

 

Надлежните вести го повикаа населението да не ги напуштаат куќите, да избегнуваат возење со автомобил и поради својата безбедност да се задржат во повисоките делови од куќите.

Референтот за цивилна заштита Маркус Курц објасни дека за граѓаните е издадено предупредување затоа што местото Русбах во потполност е одсечено.

Тамошната истоимена река се прелеа преку коритото и поплави делови од градот до еден метар висина.

Силните дождови во неделата вечерта ја зафатија покраината Салзбург, каде пожарникарите имаа полни раце работа.

Водостојот на реката Салза, која поминува низ Салзбург во минатите шест часа нарасна за три метри.

На територија на покраината Салзбург падна меѓу 80 и 100 литри дожд на квадратен метар.