Поплави во австралиски Квинсленд, евакуирани се луѓе


 

Австралиската полиција ги повика жителите на северниот град Бурктаун во државата Квинсленд на евакуација поради тешките поплави во регионот, по повеќедневните обилни врнежи од дожд. Поплавта во Бурктаун, во заливот Карпентарија, е најлоша досега, со ниво на реките кои надминаа 6,78 метри измерени во март 2011 година, според Канцеларијата за методологија на австралиската влада.

Не е сигурно да се остане, вели полицијата

Заедницата во северозападен Квинсленд нема струја, а градските канализациони системи се загрозени, јаци Е-би-си, наведувајќи соопштение од полицијата. Не е безбедно да се остане, се наведува во соопштението. Околу половина од 150 жители на зафрлениот град веќе се префрлени на сигурно, според извештајот, а погодени се и други подрачја.

Поплавите се случија откако на тоа подрачје паднаа 65 мм дожд во последните 48 часа. Дополнителни порои и невреме со грмотевици се предвидуваат и за денеска, иако дождот речиси престана да паѓа на тоа подрачје, објави метеоролошката агенција.