Поплави на северот на Италија: Најмалку две лица загинаа, по едно лице се трага
Најмалку две лица го загубија животот во невремето и поплавите што ја зафатија Италија, а едно лице се води како исчезнато.
Еден постар маж загина при излевање на реката Сенио поради обилни врнежи во градот Кастел Болоњезе, во провинцијата Равена, јавија италијанските медиуми.
Уште едно лице загина при уривање на куќа во градот Фонтанелице кај Болоња, по активирање на лизгање на земјиштето, а уште едно лице се води како исчезнато.
Во Фаенца се случија поплави поради излевање на бреговите на реката Ламона, при што некои куќи беа евакуирани како мерка на претпазливост.

Куќите беа евакуирани превентивно во Довадола поради лизгање на земјиштето, како и во Монцун и Кастел Сан Пјетро поради поплави.
Од провинциите Венето и Ломбардија беа испратени оперативни единици на противпожарни бригади, а од Ломбардија амфибиски возила.
Поплавите го зафатија регионот Емилија Ромања, а особено провинциите Болоња, Форли, Модена и Равена.
Противпожарните бригади се ангажирани во бројни интервенции поради излевање на реки и одрони.