Поплави и во Црна Гора, отсечени села, гром удрил во дрво на летна тераса
Обилниот дожд што врне од вчера и во текот на ноќта предизвика поплави во повеќе градови во Црна Гора.
Поради надојдената вода отсечени се и неколку села.
Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија (ЗХМС) издаде црвен метеоаларм поради најавениот силен ветер и обилниот дожд. А се очекува ветерот да достигне и брзина од 90 километри на час.
Поради обилните врнежи отсечено е селото Комарница во Шавничкиот крај. Мостот е поплавен, водата ги однесе патиштата, а поројните наноси го загрозуваат имотот на селаните.
На шеталиштето „Крал Никола“ во Бар, околу 10.30 часот гром удрил во дрво покрај тераса на угостителски објект и детски парк, како последица на силното невреме што денеска го зафати црногорското приморје.
И додека во градот, на улиците, лисјата и гранките беа скршени од ветрот претходната ноќ, во Кути (горниот дел на селото) во никшиќкa Жупа, црвената бокситна вода од блискиот водокоп ги поплави речиси сите имоти, мостови , а мештаните велат дека состојбата е катастрофална. Ваквата состојба во споменатото село се повторува од година во година, кога има обилни врнежи.
„Мештаните не паметат толкаво количество вода за кратко време. Како некој да истурил вода од кофа. Ова е ужас. Водата од околните ридови навлегла во текот на ноќта до селото. Дури и најстарите мештани не памтат вакво нешто. Имотите се поплавени, а особено се загрозени тие покрај потокот Мачак“, изјави претседателот на месната заедница за „ВијестI“.
Поројниот дожд утрово го претвори во река новиот булевар во центарот на Будва.
Порој од вода течеше по новопоставената калдрма и покрај новиот атмосферски канал кој беше изграден за да се реши проблемот со поплавите во центарот на градот, за кој се дадоа 3 милиони евра.