Поплава на југот од Италија, падна мост


 

Обилни дождови на југот од Италија овој викенд предизвикаа поплави во градовите и селата, соопштија итните служби во неделата.

Градот Кротоне во јунжниот регион Калабрија е еден од најтешко погодените и спасувачките екипи се обидуваат да му помогнат на населението.

Пожарникарите одговориле на двестотини повици на помош во неделата.

Во Општината Мелиса падна мост, кави италијанската новинска агенција Анса, додавајќи дека никој не е повреден.

Во Неапол поплавена е црквата Санта Чиара која е оштетена во бурата.

Обилни дождови се очекуваат и во Кампања, Калабрија и на Сицилија во понеделник.

https://youtu.be/d0iwJYfsLL0