Попладне краткотраен пороен дожд и грмежи


Фото: Б: Грданоски

Попледнево и кон крајот на денот претежно во северните делови на земјава ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен
ветер, најпрвин од југозападен, а потоа особено долж Повардарието од северен правец.

Слично ќе биде и во Скопје и околината каде кон крајот на денот ќе има појава на
краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен, претежно северен ветер.

Од УХМР велат дека утре долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Во петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер.