Пописот во Бугарија ќе започне на 7 септември
Пописот на населението во Бугарија ќе почне на 7 септември и ќе трае до 3 октомври. Пописот ќе биде на два начини – електронски и со попишувачи на терен. Според известувањето на Националниот институт за статистика, електронското попишување ќе трае од 7 до 17 септември, а попишувачите ќе излезат на терен од 18 септември до 3 октомври. Властите се надеваат дека попишувањето наесен ќе биде полесно затоа што дотогаш ќе има голем број вакцинирани лица во Бугарија.
Според прописите, не е задолжително попишувачот да влегува во домовите на луѓето.