Пописот во Бугарија ќе биде од 7 септември до 3 октомври


Бугарската влада одлучи пописот на населението и станбениот фонд да се одржи во периодот од 7 септември – 3 октомври оваа година. Како што јави БНР, електронската картичка за попишување ќе биде достапна на интернет од 0:00 часот на 7 септември до полноќ на 17 септември.

Пописот со посета на домаќинства, згради и живеалишта од попишувач ќе се одржи од 08:00 часот на 18 септември до 20:00 часот на 3 октомври.

Овој попис требаше да се спроведе на почетокот на оваа година но на крајот од 2020 беше одложен за неколку месеци поради пандемијата со корона вирусот.