Понеделнички, дојава за бомба во „Орце Николов“


Фото: Б. Грданоски

Учениците и персоналот на средното училиште „Орце Николов“ се евакуирани поради дојава за бомби. 

Веројатно и други училишта добиле вакви дојава, а од МВР најавуваат информација за подоцна.

Минатата недела секојдневно имаше дојави за бомби, кои се покажаа за лажни, во повеќе училишта во Скопје, но и во Куманови и во Прилеп.

Училиштата примаат мејлови со закана за поставени експлозивни направи во објектите повеќе од четири месеци.