Помпео: САД се подготвени за воена интервенција во Венецуела


 

Американскиот државен секретар Мајк помпео изјави дека САД се подготвени да преземат воена интервенција за да ги сопрат актиелните нереди во Венецуела.

– Воена акција е можна. Доколку се бара тоа, САД ќе го направи – рече Помпео за Фокс бизнис, пренесе Ројтерс.

Сепак, додава тој, САД се повеќе за мирна транзиција на моќта во Венецуела, отколку за воена акција.