Помпео: САД наскоро ќе ги вратат сите санкции кон Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека Вашингтон набрзо ќе ги врати сите санкции кон Иран.

Советот за безбедност на Обединети нации претходно го одби барањето на САД за продолжување на ембаргото на извозот на оружје за Иран.

За да се активира барањето за враќање на санкциите, САД ќе мора да поднесе жалба до 15-члениот СБ на ОН со образложение дека Иран не го почитува мултилатералниот нуклеарен договор. САД се повлекоа од Договорот во 2018 година.